ВЕСТИСВЕТ

„АстраЗенека“ и „Спутник V“ заедно против короната!

Британската компанија „Астра Зенека“ објави дека ќе започне соработка со рускиот институт „Гамалеја“ со цел да се утврди дали нивните вакцини против ковид-19 можат успешно да се комбинираат.

Институтот Гамалеја ја разви вакцината Спутник V.

Во соопштението се додава дека е можно комбинацијата на вакцини да го подобри имунитетот за подолг временски период.

Производителот на вакцината Спутник V рекоа се подготвени да ја споделат својата технологија со фармацевтски компании од Франција и Велика Британија, Санофи и Галаксо Смит Клајн (ГСК), објавено е на Твитер профилот на Спутник V.

– Тимот на Спутник V е подготвен да ја сподели технологијата со Санофи и ГСК за да им помогне да ја развијат вакцината до крај. Партнерството на различни производители е наш пат кон иднината. Заедно можеме да бидеме посилни – стои во твитот пренесен од ТАСС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button