ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 48 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 25 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, девет во ковид – центарот на Клниката за неврологија, тројца нови болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за нефрологија и петмина болни на Клиниката за очни болести.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 приеми во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button