ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) „Ова е најчудната работа што некогаш сум ја сретнал“: Пилот во дивината забележал мистериозен монолит

Невообичаената структура, висока 3 до 3,7 метри, е забиена во земјата и е направена од некаков метал

Мистериозен монолит е откриен во оддалечен дел на американската држава Јута, а владините претставници го забележале додека броеле муфлони од хеликоптер во областа.

Според „Гардијан“, се чини дека структурата висока 3 до 3,7 метри е „всадена“ во земјата. Направен е од некаков метал, чиј сјај е во остар контраст со црвените карпи што го опкружуваат.

Првите фотографии од муфлонот и монолитот ги објавила воздушната патрола во Јута, а пилотот на хеликоптерот, Брет Хачингс, за локалните медиуми изјавил дека тоа е „најчудната работа на која наишол во текот на сите свои години летање“.

Тој пилотирал за Одделот за јавна безбедност во Јута, кој им помага на вработените во Друштвото за зачувување на дивиот свет, кои тој ден ги броеле муфлоните на југот на таа држава.

– Објектот изгледаше вештачки, се чинеше дека е цврсто засаден во земјата, дефинитивно не паднал од небото! Претпоставувам дека станува збор за уметник од новото време или нешто друго, можеби тој е голем љубител на вселенската одисеја од 2001 година“, изјавил Хачингс.

Пронајдокот дури и наликува на позната сцена од филмот на Стенли Кјубрик од 1968 година, во која група мајмуни наидуваат на огромен непознат предмет.

Откако го забележал монолитот, екипажот на хеликоптерот слетал за подобро да го погледнат. Видео снимено од земја, објавено од станицата КЛТВ, покажува како членовите на екипажот се качуваат едни на други на рамената за да стигнат до врвот.

Локацијата е во недостапните области на Јута, во кои владеат многу тешки климатски услови. Плашејќи се дека аматерски истражувачи може да заглават во дивината, обидувајќи се да го пронајдат мистериозниот монолит, екипажот на хеликоптерот не ја открил точната локација.

Извор: Гардијан

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button