ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа само еден хоспитализиран пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button