ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје 198 казнети возачи, 87 за брзо возење

Во Скопје 198 казнети возачи, 87 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции.

Како што денеска информираа од МВР, од нив 18 мерки се за возење без возачка дозвола, 15 санкции се за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а се изречени и седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button