ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во собранието се усвои Законот за државјанство, инициран од албанската опозиција

 Собранието го одобри Законот за државјанство. „За“ гласаа сите партии освен  ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Претседателот на АА, Зиадин Села, ги повика граѓаните веднаш да поднесат барање за државјанство.

„Честитки и за многу краток временски период ќе имаат право да аплицираат и на повеќето од нив ќе им се додели државјанство“

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека со донесувањето на законот, Собранието ја призна неправдата врз Албанците.

„Денес, со гласањето на овој закон, Собранието ја прифати неправдата што им ја стори на граѓаните и од денес па натаму им го признава ова право и верувам дека во иднина нема да се случуваат такви работи  граѓаните да се дискриминирани на ова ниво ”

Шефот на Комисијата за европски прашања од редовите на ДУИ, Арбер Адеми изјави дека Законот за државјанство ќе биде во служба на сите граѓани.

„Уште еднаш се потврди она што претходно го наведовме дека ова е решение што се заснова на законско решение од 2004 година“

Донесувањето на Законот за државјанство дојде по договорот меѓу Владата и Алијанса-Алтернатива, на кој му претходеше блокада на Собранието неколку месеци. Законските одредби ги олеснуваат процедурите за добивање државјанство преку единствен документ. Првото законско решение беше блокирано во Комисијата за одбрана и безбедност.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button