МАКЕДОНИЈА

Вакцинацијата на граѓаните започна и на терен

Во некои градови во земјата започна теренска вакцинација на неподвижни лица. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека од следната недела теренската вакцинација ќе се интензивира, додавајќи дека кинеските дози „Синовак“ се распределени во сите пунктови за вакцинација. 10.000 дози од вакцината Астра&Зенека, донирани од Хрватска, се очекува да пристигнат во петок, додека следната недела се очекуваат 10 000 дози руска вакцина Спутник В.

Што се однесува до примањето на третата доза на вакцина, земјата нема дефинитивен став дали ќе се направи вакво нешто, како што практикуваат некои земји во светот. Властите очекуваат официјален ставо од  СЗО.

До вчера во земјава со две дози се вакцинирани околу 330 000 граѓани. Околу 14.000 други кои се пријавиле преку  Интернет, чекаат ред за да се вакцинираат со првата доза.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button