ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово јавниот превоз за студенти поскап од билетот за вработените во Општината

Одобрувањето на ценовникот на Јавното сообраќајно претпријатие во Тетово ги судри советниците на власта и опозицијата. Опозицијата реагираше на одлуката месечниот билет за студентите да биде поскап отколку за вработените во Општината. Службениците ќе плаќаат по 450 денари месечно, додека студентите по 600 денари. Во Скопје билет за студентски превоз е бесплатен.

„Нема смисла вработените во Општина Тетово да плаќаат помалку од студентите кои не се вработени. Студентите дефинитивно треба да имаат поевтини цени од вработените во општина Тетово“, рече Ариф Селами, АА.

„Тоа е неусогласеност на цените затоа што групата што има приходи има поевтина цена од студентите кои воопшто немаат приходи. Значи, студентите на кои треба да им помогнеме имаат највисока цена, а една група не беше ставена, односно социјалните случаи кои воопшто немаат приходи“, рече Бесар Дурмиши, БЕСА.

Новиот директор на тетовската компанија за транспорт, Фејсал Беадини, рече дека оваа одлука е донесена со цел да се стимулираат вработените во администрацијата да користат јавен превоз, додека тој вети дека, на следниот состанок, оваа цена ќе биде коригирана.

„Првично, компанијата треба да започне со работа, а потоа, во согласност со анализата, можеме да доставиме промена на цените на билетите и воведување на други категории на општество“, вели Фејсал Беадини, вршител на должноста директор на транспортното претпријатие Тетово.

Покрај одлуката за цените на билетите на компанијата, денес на оваа компанија и беа дадени во сопственост пет нови автобуси, кои се очекува да бидат пуштени во употреба кон средината на март месец.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button