ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава само 34% од домовите имаат енергетски ефикасни фасади

На целата територија на земјава само 34 отсто од куќите и становите имаат фасади со енергетска ефикасност. Повеќето од нив, поточно околу 65 отсто немаат таква фасада. Од Здружението на компании за енергетска контрола го објаснуваат значењето на фасадата со топлинска изолација. Велат дека со тоа граѓаните и фирмите штедат пари за греење и ладење.

Работниците кои изведуваат вакви фасади кажуваат колку чини поставувањето, но според нив, вреди да се инвестира, бидејќи парите се враќаат во рок од 3 до 5 години.

„Фасадата зависи од површината, одиме на пример со 200 метри квадратни, фасада од по 30 евра квадрат, тоа е околу 6.000 евра. Пресметајте, дека тоа се враќа од 3 до 5 години, што значи дека вреди да се инвестира“, вели еден фасаден работник.

Граѓаните велат дека се свесни за важноста од промена на фасадата, но велат дека многу често тоа не можат сами да го направат, особено во зградите.

„Апсолутно, за тоа е апсолутно неопходно, особено овој дел во Север каде што сме ние потребно е. Доколку има некоја таква понуда, уште утре се организираме да го направиме тоа…“

„Нормално, кој не сака. Тоа зависи од Владата, ние сами ништо не можеме да направиме…“

„Вреди. Еднаш ги даваш парите и знаеш дека го имаш засекогаш. Тогаш поевтина е и струјата и животот ти е среден. Ниедна општината не го прави тоа што треба. Ако општините работат добро, ќе биде добро за сите“, реагираат граѓаните.

Градоначалниците на Чаир и Бутел на избори ветија промена на фасадите на зградите. Договорот на Висар Ганиу предвидуваше поправка на фасадите на неколку станбени згради, но досега не е направено ништо. Од таму информираат дека досега имаат три барања за изградба на нови згради кои барале да имаат енергетско ефикасни фасади, но без да објаснат што ќе биде со старите згради.

Од општина Бутел потенцираат дека овој проект, кој е ветен ќе се реализира. Градоначалникот за следната недела најави распишување повик.

Општина Центар во 2018 година објави јавен оглас за изведување на терми-фасади на колективните станбени згради, на кој беа одобрени 26 барања, но поради пандемијата, проектот беше пролонгиран.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button