ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно со засилен ветер, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Ќе дува засилен ветер со брзина на 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи“, велат пд УХМР.

Оттаму прогнозираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

„Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени“, соопштија од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button