ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нов бран поскапувања по изборите

Нов бран поскапувања по изборите

Движењето на цените на прехранбените производи во текот на месец март не предизвика големи реакции кај граѓаните кои станаа имуни на постојани поскапувања. Во јавноста се шпекулира дека по укинувањето на гарантираните цени, има непишан договор меѓу владата и трговските гигантите – цените да се држат релативно стабилни во предизборниот период, додека по 15 мај се очекува нов бран поскапувања на храната. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува цените да се стабилизираат со Законот против нефер трговски практики.

Економистот Бранимир Јовановиќ изјави дека Владата направи голема грешка што ги укина загарантираните цени и на тој начин ги остави цените во рацете на трговците се до средината на септември кога целосно ќе се применува Законот против нефер трговски практики.

Во март вредноста на минималната кошничка достигна 58.998 денари или за 1.522 денари е повисока од февруари. Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголем раст има во секторот храна и пијалаци. Трошокот е уште поголем, или 74.373 денари, доколку во овие трошоци се вклучи и киријата на стан од 60м2. Сојузот на синдикати предложи продолжување на мерките за гарантирани цени до средината на септември, период кој се поклопува со целосната примена на Законот со цел работниците и граѓаните да бидат заштитени од поскапувањата на основните прехранбени производи./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button