ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За една недела од корона-вирусот починаа 105 граѓани

За една недела 105 лица го загубија животот како последица на Ковид-19. Станува збор за периодот од 8 до 14 октомври. 75% од починатите не биле вакцинирани, а 26 од 105-тте жртви имале примено две дози вакцини. Повеќето од починатите, според извештајот на Министерството за здравство, имале и други болести – и тоа – на срцето, на белите дробови, како и дијабетес. Во однос на процесот на вакцинација, досега 35% од населението е вакцинирано со две дози, а со третата доза се имунизирани над 1000 лица. Министерството за здравство објави дека Националниот комитет за имунизација препорачува вакцинираните со кинеските вакцини да можат трета доза да примат 3 месеци после втората. Оние пак, кои се имунизирани со вакцините Фајзер, Астра Зенека и Спутник, третата доза можат да ја примат 6 месеци по втората.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button