ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев е уверен дека европскиот дух на Пендаровски и Радев ќе даде поттик за исчекор напред во решавање на спорот

Премиерот Зоран Заев верува дека европскиот дух на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев ќе даде поттик да се направи исчекор во процесот на пронаоѓање решение во спорот со Бугарија, со што ќе се одблокира патот на интеграција на земјава во Европската Унија.

Заев, кој денеска ја предводеше владината делегација на положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со заедничкото патување на Пендаровски и Радев за Рим каде ќе им оддадат почит на Светите браќа, изрази надеж дека ќе се направи некаков исчекор во однос на спорот, кој како што рече ја кочи европската интеграција на целиот Западен Балкан.

-Верувам дека и европскиот дух на претседателите Радев и Пендаровски ќе биде поттик да направиме исчекор да продолжиме понатаму и секако низ патната карта да успееме да го забрзаме и ефектираме она она што претставува спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button