ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев е категорично против предвремени парламентарни избори. Според него, изборите би биле предавство на граѓаните, кои, како што рече, се одлучиле за европскиот пат на земјата. Заев му порача на Христијан Мицкоски наместо да бара оставка од Владатада да си погледне во дворот на ВМРО ДПМНЕ.

„Нема предвремени избори и нема да има неоснована обврска Владата да поднесе оставка. Ниту има потреба ниту логика за оставка. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Собранието. Мицкоски нека го погледне својот двор во Белата палата, нека размисли и нека си одговара гласно пред себе, кој логично треба да си даде оставка по толку изборни порази“, рече Заев.

Заев во интервју за државната новинска агенција МИА рече дека пописот на населението ќе се спроведе како статистичка операција, неопходна за земјата, а не како политичка операција, како што посакува ВМРО ДПМНЕ.

„Едно од барањата на опозицијата е да се вратиме на Државна пописна комисија со членови на политички партии, во истиот формат како и во 2011 година, што беше главната причина за пописот да биде неуспешен. Пописот не е и нема да биде политичка операција, како што сака ВМРО ДПМНЕ. Со одлуките во Предлог законот, пописот ќе се изврши само како статистичка операција во согласност со најдобрите европски стандарди и пракси. Од друга страна, токму ВМРО ДПМНЕ со барањата и измените на Законот, сака да го направи пописот политички инструмент“, рече Заев.

По ваквите ставови на премиерот, реагираѓше опозицијата. ВМРО ДПМНЕ истакна дека токму премиерот Заев уништил сè што се градело со векови и децении. Опозицијата истакна дека Заев требаше да поднесе оставка откако земјата доби вето од Бугарија за отворање на преговорите со ЕУ.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button