МАКЕДОНИЈА

Заев: Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата со Бугарија

Ние сме пријателски земји, нашите народи се блиски. Први соседи сме и треба да соработуваме. Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака затоа што и навистина се движиме на позитивен пат. Иако работат се уште технички комисии од двете министерства за надворешни работи, можам да кажам дека тоа е патот. Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека в среда во Словенија ќе имаат состанок со претседателот Радев, со високите претставници на ЕУ, со премиерот Јанша. Посочи дека на Самитот ќе бидат присутни еврокмесарот за проширување Вархеји, канцеларката Меркел, претседателот Макрон и многу други европски лидери и нагласи дека уште еднаш ќе потврдиме дека тоа е патот.

Според него, по завршување на изборите сите политичари, кај нас, во Бугарија и насекаде се поразумни, поодговорни отколку пред избори. Смета дека со завршени избори кај нас и во Бугарија тоа е првата причина за да имаме добра шанса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button