ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев со честитка за Денот на Европа

Со серија настани денеска во Македонија се одбележува и Денот на Европа. Премиерот Зоран Заев во видео обраќање го честита празникот и посочи дека Европската Унија е природен дом на кој припаѓа и нашата земја.

„Македонската држава е втемелена врз начелата за правдата и слободата и е дом за сите нејзини граѓани и без исклучок обединети и единствени во изборот околу европските вредности. Оваа генерација направи непоколеблив избор со членството во НАТО и силно ја потврди определбата за напредок и благосостојба во европското семејство, во Европската Унија. Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европските нации“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button