ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани: Пописот не треба да се одложува

Иако пред неколку денови директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски изјави дека доколку Комисијата за инфективни болести процени дека пописот на населението може да ја влоши состојбата со коронавирусот, тој може да се одложи, заменик-министерот за здравство, Илир Хасани вели дека во моментов нема потреба од ваква одлука.

„Мислам дека во оваа фаза нема некој сигнал дека сето ова влошување на епидемиолошката состојба во нашата земја може да влијае врз пописот на населението. Сакам да сме свесни, сите граѓани на Македонија, да придонесеме што е можно повеќе во намалување на контактите, што е единствениот начин да се спречи зголемувањето на бројот на заразени.“

Во меѓувреме, пописот на дијаспората преку интернет и понатаму има проблеми. За време на викендот, иселеници се пожалија дека имаат проблеми со добивањето на кодот за регистрација, но и со логирањето во самата апликација. Заменик-директорот на Заводот за статистика, Илми Селами вели дека проблемите се појавиле затоа што во текот на викендот граѓаните на дијаспората биле слободни и имало повеќемина кои се обидувале да се попишат истовремено. Тој вели дека во изминатите два дена работеле на зајакнување на апликацијата, но и на изнаоѓање решение за преведување на преостанатите прашања.

„Се надевам дека во следните денови проблемот со кирилицата, погрешниот превод и преоптовареноста на системот ќе се надминат за самиот попис да биде успешен и нашата дијаспора да губи што е можно помалку време за попишување.“

Од Заводот за статистика информираат дека досега преку интернет апликацијата се попишале над 40 илјади иселеници. Пописот на дијаспората започна на 1 март и ќе заврши на 21 април, кога завршува и целиот процес.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button