ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради пандемијата, во Тетово има 500 бракови помалку од вообичаеното

Иако канцеларијата за склучување бракови во Тетово работи без прекин, пандемијата го намали бројот на венчавки. Лани биле регистрирани околу 500 бракови помалку во споредба од пред две години.

Управа за водење на матични книги, Тетово

„Нашата единица работеше и работи без прекин, но евидентно е дека интересот на жителите за склучување брак е значително намален. Имаше дури и повлекувања на термините за брак на млади парови.“

Покрај пандемијата, социолозите сметаат дека своја улога има и економската состојба.

„Првиот фактор дефинитивно е економски затоа што во овој период кога се намалуваат работните места, долгото затворање, иако постоеше компензација, таа беше минимална во споредба со потребите, но исто така и фактот дека свадбите, големите церемонии, собирањето на многу луѓе се забранети, очигледно е дека церемониите се многу важни, сето тоа доведува да се намали бројот на брачни врски.“

Но, сопствениците на ресторани имаат друго објаснување.

„Ние како народ генерално уживаме во бракови, ги почитуваме свадбите, сега се очекува следен нов бран во сезоната и бројот на свадби ќе биде зголемен поради одложувањата минатата сезона и бројот на бракови ќе се зголеми многу.“

Во 2018 година во Тетово имаше 1.985 венчавки а во 2019-татата, 2.043, а лани 1.634.

Венчавки во Тетово

2018 година     1.985 венчавки

2019 година     2.043 венчавки

2020 година     1.634 венчавки

На државно ниво, бројот на венчавки во 2020 година е 11.059.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button