РЕГИОН

Застрелан полицаец пред Владата во Загреб

Полицаец беше застрелан утрово пред зградата на хрватската влада на плоштадот Свети Марко во Загреб. Градот го надлетуваат хеликоптери, а парламентот престана да работи.

Како што јави полицијата, осомничениот за нападот се самоубил, а на граѓаните не им е дозволен пристап до плоштадот, каде што е сместена и владата.

Полициските службеници пронајдоа лице во Јабуковац кое одговараше на описот на напаѓачот. Лицето изврши самоубиство“, соопшти полицијата половина час по инцидентот.

Неколку медиуми јавуваат дека полицаецот бил застрелан од калашников. По инцидентот со брза помош бил однесен од местото на настанот, а напаѓачот се вдал во бегство.

Како што пренеува „Спутник“, состојбата на полицаецот е стабилна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button