ЗДРАВСТВО

При крај реконструкцијата на Клиниката за ортопедија, Црвениот Крст донираше опрема

Првиот човек на Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски, денеска изрази благодарност до Црвениот Крст за донацијата од медицинска опрема и инвентар. Како што беше наведено на заедничката прес конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, станува збор за повеќе транспортни респиратори, болнички инвентар, средства за заштита и хигиена, во вредност од околу 320.000 евра.

„Средствата ќе најдат широка примена на нашата клиника, за доброто на пациентите. Се надевам дека и во иднина, како Црвениот Крст, така и сите општествено одговорни компании ќе донираат, затоа што знаеме дека здравството и пациентот треба да бидат на прво место“, рече директорот Трајановски.

Министерот Филипче, упати честитки до Трајановски и до неговиот тим, посочувајќи дека после повеќегодишни одлагања, реконструкцијата е успешно завршена.

„Се завршува целосната реконструкција на одделението за ортопедија. Пациентите со специфична патологија, некаде од крајот на јули ќе бидат сместени во целосно реновирани услови. За тоа сакам да му честитам на директорот Трајановски, за ангажманот со целокупниот стручен колегиум, коишто овозможија да се спроведе целиот овој процес“, рече министерот Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button