ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.

За ребалансот се поднесени вкупно 222 амандмана од кои 153 од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден, кога почна амандманската расправа, прифатен беше амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за заштита од дискриминација, поднесен од тројца пратеници од владејачкото мнозинство, но одбиен беше амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Одбиени беа и два амандмана од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на угостителите и естрадните уметници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button