МАКЕДОНИЈА

Жестоки реплики помеѓу Таравари и Зендели на Алсат

Во вечерашното издание на „Емисија 200“ на Алсат, кандидатот за градоначалник на Гостивар од „Движење Беса“, Фадил Зендели, остро го критикуваше Арбер Таравари, во врска со владеењето и исполнувањето на ветувањата.

„Гостивар не е во топ 10 и никаде не гледам дека ги направи работите што ги кажуваш“, рече Зендели.

„Кога ме критикува Фадил, тој се критикува и самиот себеси затоа што во владата во Гостивар, Алијанса е  заедно со Беса“, возврати Таравари.

Додека Зендели, зборуваше за депонијата за којашто рече дека создава многу проблеми во Гостивар,  поврзани со управувањето како регион, оцени дека општината не работела доволно на овој план.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button