ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на тетовско Селце „со дрва и камења“ по функционерите на ДУИ

Жителите на тетовското село Селце велат дека се разочарани од ДУИ, која според нив, веќе 22 години ги мами со празни ветувања. Жителите им порачаа на челниците на партијата на Ахмети дека од 2001 година направиле сè што било побарано од нив, но од ДУИ освен лажни ветувања, не добиле ништо.

„Денес 22 години ве очекува нашето село и ви ги кажува истите барања кои се од витално значење за нас. Од ова село пред 22 години баравте и ви дадовме, баравте да го земеме оружјето и ние го земавме, баравте да се повлечеме и ние се повлековме. 22 години во ова село баравте политичка поддршка и ние ви ја дававме. Баравте образовани луѓе бидејќи војниците знаат политика, ние ви ги дадовме да се иселат од селото и останавме во мизерија да трпиме и ден-денес за елементарни услови за живот. Вие се усреќивте, а ние не“, вели еден жител на Селце.

Жителите им дадоа, како што рекоа, последен ултиматум до лидерите на ДУИ да ги решат нивните витални барања. Во спротивно ќе бидат казнети како при гласањето на последните локални избори.

„Уште еднаш ги бараме овие услови од вас и можете да се уверите дека ова е последен пат. Вода за пиење за селото, патот што го поврзува градот со селото, училиште и спортска сала. Доколку овие барања не се исполнат до следните избори, бидете сигурни дека жителите на нашето село знаат да судат, како што беа осудени на последните локални избори од месната заедница на село Селце“, велат жители на Селце.

Претставниците на ДУИ на средбата повторно ветија исполнување на барањата, почнувајќи од новиот училишен објект.

„Комуницираме со локалната самоуправа, се разбира дека е донесен план за изградба на училиштето и мора да се издаде градежна дозвола. Најдобрата вест е што следната недела ќе помине и владината програма и училиштето е предвидено во програмата на Владата и Министерството за образование и со комплетирање на документацијата, убеден сум и се надевам дека документацијата ќе пристигне во најскоро време со цел во 2023 година да започнат работите на училиштето“, рече Јетон Шаќири – Министер за образование.

Инаку, жителите на Селце и во минатото се изнаслушаа ветувања за пристоен пат и за вода за пиење, проблеми со кои се соочуваат повеќе од две децении.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button