ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

70% од фирмите кои користеа субвенционирана струја не ги намалиле цените

Дури 70 отсто од фирмите кои користеа субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените на прехранбените производи. Властите најавуваат парични казни, но и затворање на некои од овие фирмите. Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта, најави денеска во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Алсат министерот за економија, Крешник Бектеши. Емисијата е во 22 часот и 20 минути.

„Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70% не ја почитувале истата одлука и ги држат истите цени споредено со ноември пред да влезе во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа, Министерството за економија по завршување на месецот, тоа што го најавивме, ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка“, рече Бектеши.

Инаку, министерот гарантира дека струјата за домаќинствата во јуни нема да поскапи, а ќе се врати и евтината дневна тарифа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button