Пациентите со цистична фиброза најавуваат штрајк ако не се забрза набавката на лекот трикафта

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на трети мај во 12 часот пред Министерството за финансии, доколку не добијат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот. Ова денеска го најави во изјава за медиуми, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.
На овој чекор се решиле откако уште пред Велигденските празници испратиле допис до сите институции, за да им одговорат, до каде е работата околу случајот со набавката на лекот „трикафта, но се уште не добиле одговор.
Тој нагласи дека, доколку нема јасни насоки што се случува, тогаш останува работата да се оди на протест во среда на трети мај во 12 часот, пред Министерството за финансии.