ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Морачанин: Единствено прифатливо е да се легализираат објекти на социјално загрозени граѓани

Пратеничката и лидерка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за „360 степени“ вели дека за неа единствено е прифатливо да се донесе закон за легализација на бесправно изградени објекти само за социјално загрозени граѓани.

Морачанин гласаше против контроверзниот Закон за легализација на дивоградби, кој подоцна не го потпиша и претседателот Стево Пендаровски.

„За мене единствено прифатливо е да се легализираат објекти на социјално загрозени категории, на социјално-ранливите луѓе. Потребно е да се најде модел кој нема да го нарушува правниот систем и урбанистичкото планирање. За мене се тоа клучни моменти, но не да се легализираат и хациенди, базени, деловни простори и слично“, вели Морачанин.
Морачанин додава дека е свесна дека станува збор за голема бројка на објекти кои треба да се легализираат, но вели дека постоеше закон во важност од 10 години, но во истиот период не престана а да никнуваат дивоградби.

„Иако идејата била да се направи пресек и да се престане да се гради на диво, туку да се гради по закон, едноставно тоа не се случува. За жал, имаме продолжување на целиот тој процес, бидејќи се овозможува легализација“, вели Морачанин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button