ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на активни случаи повисок во споредба со лани, се чека препорака за трета доза вакцина

Бројот на активни случаи во нашата земја и понатаму е висок споредено со истиот период минатата година. Во моментов има 14.360 болни, а на 30 август минатата година имало 2.668. Последните податоци од Министерството за здравство покажуваат дека 4 градови бележат четирицифрен број на активни случаи. Скопје, кое е на врвот на оваа листа, регистрира 851 активен случај. Лани тој бројот бил 39.

Градови со најголем број активни случаи:

Скопје 75.486, активни 5.348

Тетово 10.202, активни 2.130

Гостивар 7.548, активни 1.330

Куманово 10.147, активни 898

Кичево 3.544, активни 642

Охрид 5.490, активни 420

Струга 3.542, активни 517

Првичните тврдења се дека трета доза на антиковид вакцина дополнително ќе го зајакне имунитетот. Сепак, се чека препорака од меѓународните здравствени институции.

Министерство за здравство

„Европската агенција сè уште не ја дала таа препорака. Сè уште чекаме препораки и од производителите и од големите клинички испитувања. Она што го знаеме досега е дека засилена, трета доза со Фајзер значително ја зголемува ефикасноста.“

Нашата земја со актуелните 14 илјади активни случаи повторно се соочува со можноста Европската унија да ја стави на листата на земји со висок ризик. За една држава пак, да се смета за безбедна, мора да регистрира не повеќе од 75 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели. Австриската агенција за здравје и безбедност на храна објави извештај во кој се наведува дека повеќе од 2/3 од увезените случаи со корона вирусот се од граѓани кои биле на одмор на Западен Балкан.

Подготвено од: Еви Шкопи

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button