РЕГИОН

Абазовиќ: На состанокот на „Отворен Балкан“ во Охрид одиме како набљудувачи

На состанокот на „Отворен Балкан“ во Охрид, црногорските претставници ќе присуствуваат како набљудувачи, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, нагласувајќи дека целта на Црна Гора е членство во Европската Унија и дека не е заинтересирана за никаква замена, јави Данас.

„Не одиме во Охрид за да именуваме член на ‘Отворен Балкан’. Одиме како набљудувачи. Ќе размислиме што е добро за земјата. Ако се покаже дека е добро, немам ништо против да се приклучам на иницијативата“, рече Абазовиќ на прес-конференција во Будва, пред Самитот за демократија во Југоисточна Европа.

Тој рече дека сè што води кон поголема регионална соработка е прифатливо, а дека она што ЕУ го бара од земјите во регионот е да испратат порака дека можат да се договорат околу нешто.

Абазовиќ посочи дека не се важни имињата на иницијативата, туку дека подобрата соработка и поголемиот фокус на економијата е нешто што е примарно, додавајќи дека на средбата во Охрид ќе присуствува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

За влез во Европската Унија, клучно е регионот да соработува, додаде Абазовиќ, наведувајќи дека на тој пат треба да си помагаме.

„Треба да си помагаме на тој пат. Регионот долго време ги трпи последиците од неодговорните политики, сега треба да почнеме поинаку“, рече Абазовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button