ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети го поканува Генералниот совет на партијата на итен состанок

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите членови на Генералниот совет за утре на состанок на кој ќе се разговара за последните случувања во земјава, пишува Алсат.

Тој ја повикува оваа средба затоа што, вчера опозицијата во земјава соопшти дека е формирано ново мнозинство, меѓу  ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците-Алтернатива, Левица и Беса.

„Почитувани членови на Генералниот совет, претседателот Ахмети ве поканува на средба со КП ДУИ во врска со последните случувања во државата. Средбата ќе се одржи утре, недела, 07.11.2021 година, со почеток во 13:00 часот, во Тетово, ресторан АРА. Задолжително присуство во однос на мерките за заштита од Ковид-19“, се вели во поканата на претседателот на ДУИ. /Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button