ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Акција на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за исплата на долгови без пресметка на камата

Физичките и правни лица – корисници на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе можат да ги платат долговите на рати без камата во периодот од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021 година.

– Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повикуваат на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button