ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полициска акција во тек! На Богородица запрен камион за кој има сомнеж дека превезува наркотици

Алсат од свои извори дознава дека вечерва на граничниот премин Богородица е запрен камион за кој има сомнежи дека врши транспорт на наркотици.

Откако го забележала камионот, полицијата, која била во состојба на готовност, го запрела возилото. Првите сомневања се дека станува збор за значителна количина на наркотици, а според изворите на Алдат, деталите ќе бидат познати подоцна, бидејќи операцијата сè уште трае.

Првите информации се дека возачот на возилото е задржан, а полицијата и другите вработени го претресуваат камионот.

Ова се очекува да биде втора запленета количина во текот на денот, откако претходно во Гевгелија беа запленети 200 кг марихуана.

Повеќе детали наскоро…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button