ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција не се откажува од Законот за државјанство, средба со Заев следната недела

Албанската опозиција чека премиерот Зоран Заев да го каже последниот збор за тоа дали ќе има компромис за законот за државјанство или не. Алијансата за Албанците и Алтернатива се одлучни, ако нема договор, нема ни деблокирање на Собранието.

„Ја чекаме средбата со премиерот Заев за усогласување на ставовите за нацрт-законот за државјанство. Досега не сме одредиле датум или време. Се надеваме на тоа што кажа премиерот дека во среда или четврток премиерот ќе се состане со нашите лидери и ќе направиме напори да го заокружиме овој закон.“

Но, Заев не се состана ни со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ни со министерот за правда Бојан Маричиќ за да се координира пред средбата со албанските опозициски лидери. Од СДСМ велат оти сè додека Маричиќ е во странство, не може да се очекува таква средба. Заев пред два дена ја најави средбата со Села и Гаши. Не е исклучена можноста таа да се одржи следната недела.

Поради фактот дека нацрт-законот за државјанство не беше процесиран, албанската опозиција со илјадници амандмани блокираше неколку други закони, вклучително и оној за економските мерки, како и законот за полесни прекршоци, а најавува и нови блокади сè додека законот за државјанство не добие позитивен епилог.

Adrian Kerimi

.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button