ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса: Рушење на режимот СДСМ-ДУИ и нови избори

Алијанса за Албанците денеска повика на предвремени парламентарни избори откако, како што велат, земјата останува блокирана на патот кон ЕУ, после неколку последователни неуспеси на актуелната владина коалиција.

„Вчера, неколку пати по ред, Европскиот Совет не даде зелено светло за отворање на преговори за членство на Република С Македонија во ЕУ. Ова докажува дека режимот СДСМ-ДУИ, потфрли во исполнувањето на условите на ЕУ, што посебно се однесува на владеењето на правото, имплементацијата на договорот со Бугарија. После денешното фијаско е јасно дека режимот не може повеќе да се крие зад европската агенда којашто е блокирана поради нивните последователни неуспеси. Новите услови по новото одбивање од страна на ЕУ, не остава друг избор освен рушење на режимот СДСМ-ДУИ и создавање на експертска влада којашто ќе ја спреми земјата за нови парламентарни избори“, рече Елми Азири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button