ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса: „Власта ослободува криминалци, држи во затвор невини Албанци“

Алијанса за Албанците оценува дека не случајно е ослободен Сашо Мијалков на денот кога новиот лидер на СДСМ го доби мандатот за состав на новата Влада. Според нив, власта ги ослободува криминалците, а држи многу невини Албанци зад решетките и покрај доказите за нивната невиност.

„Се сеќаваме дека оваа влада дојде на власт со измама за правда, едвај се одржува во живот во име на правдата и во име на евроинтеграциите, додека реално сите постапки и одлуки се против правдата и против европските принципи. Вчера стана јасно дека овој режим е тесно поврзан со криминалот и корупцијата и оти  целиот свој мандат го помина помилувајќи криминалци.“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button