ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат оставка од Мила Царовска

Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа оставка од министерката за образование, Мила Царовска, за, како што велат, неуспехот во образовниот процес на државно ниво. Според опозицијата од редовите на Албанците, со доаѓањето на Царовска, образованието остана без потребната инфраструктура и без план за учење од далечина. Алијанса – Алтернатива исто така ја обвинија Царовска дека не ги вакцинирал наставниците и мала е веројатност наставата да започне со физичко присуство од септември. Опозицијата бара учениците од септември да се вратат во училишните клупи.

„Денеска сме кон крајот на јуни и Министерството за образование и наука не презема никакви мерки во однос на организирање настава со физичко присуство од септември. Во меѓувреме, не презема никакви чекори за подобрување на инфраструктурата за учење од далечина, занемарувајќи создавање на систем за управување со образованието и образовната инфраструктура. Од оваа причина, бараме оставка од министерката за образование, поради континуираните отстапувања што се случуваат во образованието во нашата земја“, изјави Азир Алиу, АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button