ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Армијата ќе помага на здравствените власти, војниците нема да бидат вооружени

Од безбедносен аспект состојбата во државата е под контрола и кај населението не треба да се создава паника, порача в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по завршување на седницата на која Главниот штаб за управување со кризи го разгледа планот на Министерството за здравство.

Како што кажа Ангелов, јавниот ред и мир никаде не е нарушен и оти армијата дополнително ќе помогне здравствените работници да можат непречено да ја извршуваат својата работа.

„Се работи за ангажман на армијата за одржување на редот во здравствените објекти, онаму кадешто ќе побара министерството за здравство, или на други стратешки објекти од областа на здравството, или одредени магацини каде што би имало здравствена опрема. Припадниците на армијата нема да бидат вооружени, туку ќе помогнат на граѓаните да не се создаваат непотребни гужви или евентуална хаотична состојба“, рече Ангелов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button