ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупцсика: Автомобили се набавувале, најчесто од една компанија

Антикорупцсика: Автомобили се набавувале, најчесто од една компанија

Антикорупциската комисија заклучила дека „Оф Шор компании“ со сомнителен капитал и кои постојано биле во загуба, се обиделе да добијат државна помош за дејности за кои не се регистрирани.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска објаснува дека компанијата „Еуро Никел“ основана од компанија со седиште на Бахамите „Г Сол“ побарала помош од Агенцијата за странски инвестиции за набавка на алатки и материјали од компанијата „Фени“ која била во стечај.

Според Ивановска, иако првично Еуро Никел не ги исполнувал условите за да ја добие помошта, склучил договор со Агенцијата да ја добие, но потоа не била извршена исплата.

Според Ивановска, тоа остава сомнеж дека имало политичко влијание за да се постигне договорот. Антикорупциска одлучи да побара од надлежните институции да го истражат капиталот на компаниите „Еуро Никел“ и „Еуро Никел Индустри“.

Од оваа Комисија открија дека Владата 3 години потрошила 5 милиони евра за оперативен лизинг за автомобили од висока класа кои чинеле и до 39 илјади евра. Антикорупција забележала договори за оперативен лизинг кои се склучени со повеќе економски оператори, но повеќето од нив се направени со иста компанија.

„Во периодот од 2018 до 2021 година склучени се договори во вкупна вредност од најмалку 307. 750. 153 денари или околу 5 милиони евра, рече Шемши Салаи, член на антикорупциска комисија.

Антикорупциска ќе достави детална анализа до вицепремиерката за добро владеење Славица Гркова со препорака да се фокусира на начинот на  склучување договори за лизинг што ги прави Службата за заеднички и општи работи за комплетирање на возниот парк на институциите кои се во нејзина надлежност.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button