ВЕСТИМАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Апанажа одобрена за многу пратеници кои не најдоа работа по завршување на мандатот

44 пратеници од претходниот парламентарен состав добија право на едногодишна редовна плата по завршувањето на нивниот мандат. По одобрување од Собранието, тие ќе бидат плаќани дополнително за уште три месеци до една година, како резултат на законското право на апанажа. Во просек, нивната бруто месечна плата ќе остане иста како и за време на вршењето на функцијата, односно 100 илјади денари, или нето околу 65 илјади денари. Право на апанажа имаат сите поранешни функционери и именувани функционери, кои не се враќаат на претходните работни места по завршувањето на нивниот мандат и за кои се претпоставува дека бараат нова работа. Пред неколку недели, премиерот Зоран Заев најави дека ќе им понуди работни места на поранешните пратеници и дека со тоа ќе се намалат буџетските трошоци за апанажа.

Сепак, бројот на поранешни пратеници кои побараа апанажа не е намален, туку е поголем од оној кои добија апанажа во 2017 година. Владата преку вицепремиерот за борба против корупцијата и управување со човечките ресурси вети дека ќе ги намали придобивките на функционерите, но не е познато дали отстранувањето на апанажата е едно од нив. Во меѓувреме, Собранието ги констатираше оставките на пратениците Игор Дурловски, Бајрам Реџепи, Мухамет Зеќири и Сања Лукаревска. Освен Дурловски, тројцата веќе поранешни пратеници ќе бидат назначени на други државни функции. На нивно место во Собрание доаѓаат Мирче Аџиоски од ВМРО ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од СДСМ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button