ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арифи: Го чекаме списокот со имињата на жртвите од трагедијата во Тетово

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, при пристигнувањето во Центарот за јавно здравје, каде што се одржува состанокот со медицинскиот персонал, за Алсат, рече дека на средбата очекува да ѝ биде даден список со имињата на жртвите и места каде што се починатите.

Арифи апелираше до медиумите да не шират дезинформации, но во одговорите на прашањата што ги постави нашата новинарка, таа беше резервирана. Таа не одговори дали се санирани штетите во модуларната болница за кои непосредно по примопредавањето на објектот реагираше економскиот директор, Артан Етеми.

Арифи побара од институциите да ја завршат својата работа, но не даде директен одговор, дали институциите си ја вршеле работата кога требало да се отстранат неправилностите, што веројатно би било превентивен чекор. Тој рече дека истрагите треба да бидат независни, додека не го потврдува ангажманот на меѓународните истражни тимови.

На состанокот присуствуваат и министерот за екологија, Насер Нуредини, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за финансии, Фатмир Бесими и вицепремиерот Артан Груби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button