КОШАРКА

Кошаркар на НБА одби вакцина против Ковид-19

Кошаркарот на Голден Стејт, Ендрју Вигинс, ја одби вакцината против Ковид која е задолжителна во новата сезона на кошарка во Америка. Пред неколку дена, раководството на НБА, им препорачаа на кошаркарите на сите тимови, да се вакцинираат навреме. Но, Вигинс е еден од оние кои одбија да го стори тоа. Поради оваа причина, Вигинс нема да може да игра натпревари на домашен терен, бидејќи властите во Сан Франциско препорачаа секој кошаркар да биде вакциниран пред да влезе во сала. Во случај Вигинс да не се вакцинира, ќе мора да игра само на гостински терен, додека за отсуство на секој натпревар на домашен терен, ќе биде казнет со 350 илјади долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button