
Атина денеска е покриена со снег, што предизвика прекин на сообраќајот и затворање на училиштата. Во главниот град на Грција, кој не е навикнат на сурови зими, училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени поради невремето „Барбара“, кое за време на викендот го зафати северниот дел на земјата. Владата ги повика жителите да се движат помалку и да работат од дома бидејќи сака да избегне повторување на хаосот предизвикан од обилните снежни врнежи минатата година. Услугата на метрото до меѓународниот аеродром во Атина, кој се наоѓа на околу 30 километри источно од центарот, е прекината. Затворен е и патот кој води до аеродромот.