ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Азири: „Оливер Спасовски да излезе од сопствениот примитивизам“

Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска го повикаа министерот Оливер Спасовски да престане со примитивизмот во однос на неговите ставови за предлог-законот за државјанствата. Имено, тој пред неколку денови изјави дека албанската опозиција ни самата не знае што сака со поднесувањето на овој закон во Парламентот.

„Ние го бараме основното право на секој човек за државјанство, додека вие водите кампања против човековите права што се чини дека сте ги наследиле од претходниот систем. Им даваме на граѓаните можност да се чувствуваат интегрирани во здравствениот систем и на пазарот на трудот. Вие лично да излезете од вашиот примитивизам.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button