ВЕСТИСВЕТ

Баку му даде на Ереван рок од 10 дена да ја евакуира областа близу Нагорно Карабах

Азербејџанските власти и дадоа на Ерменија дополнителни десет дена да ги евакуира своите сили од областа Калбајар близу Нагорно Карабах, област што вчера требаше да им биде предадена на азербејџанските сили.

„Од хуманитарни причини, Азербејџан се согласи да го продолжи рокот за повлекување на ерменските вооружени сили и илегалните ерменски доселеници од регионот Калбајар до 25 ноември“, изјави претставникот на азербејџанското претседателство, Хикмет Хаџиев.

Ерменските власти претходно побараа дополнителен рок. Уште два округа – Агдам и Лачин – треба да станат под контрола на Азербејџан. Ерменските власти ги искористија тие области за да ги распоредат своите сили по конфликтот во 1990-тите за Нагорно Карабах.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button