ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА со понуда за заедничка средба на ДУИ, Алијанса, Алтернатива и ДПА

Претседателот на Беса, Билал Касами, денеска упати покана за средба до сите албански лидери. Повикот е испратен на адресите на Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши и Мендух Тачи. Денот и часот на состанокот ќе го одредат генералните секретари на партиите.

„Една од главните точки на која се обврзавме е официјализирање на албанскиот јазик во РСМ, додека Уставот на државата има потценувачка дефиниција за албанскиот јазик, па оттука иницирањето на средба на заедничката тркалезна маса, има за цел обединување на албанскиот политички фактор за отстранување на потценувачките поими, како што е случајот со „20%“, и за дефинирање на албанскиот јазик во Уставот во согласност со нашите заеднички заложби“, стои во поканата.

Во моментов ниту еден од лидерите на партиите поканети на средбата не одговорил позитивно на поканата. Од ДУИ велат дека нема потреба од две средби, имплицирајќи дека ДУИ нема да учествува.

„Прашањата со кои се соочува државата налагаат сите парламентарни партии да седнат и да разговараат. Потребни се 2/3 за промена на уставот. Не треба да паднеме во замката дека се организира етничка агенда, или се турка етничко прашање затоа што корекција на таква формулација не значи отстапка за Албанците, не значи попуштање и служење кон Албанците“, рече Арбр Адеми, потпретседател на ДУИ.

И од Алтернатива не гледата потреба од таква средба.

„Алтернатива веќе се изјасни дека во однос на темата за отстранување на 20%, немаме дилема дали треба да ја поддржиме и дека за ова нема потреба од посебна средба. И неалбанските партии сега се подготвени за ова прашање, и тоа не е тема што наметнува некаков посебен состанок на албанските политички партии“, наведуваат од Алтернатива.

Во четврток Алијанса за Алабнците ќе донесе одлука дали ќе ја прифати или не поканата на БЕСА за средба.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button