ЕКОНОМИЈА

Без работа останаа 80 вработени во „Влеча на возови“, Синдикатот најавува блокада на сообраќајот

На 80 вработени од извршниот персонал во „Влеча на возови“ не им е продолжен договорот за работа, информираа од Синдикатот на работниците при „Железници Транспорт“ и најавија блокада на железничкиот сообраќај доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив.

Од Синдикатот наведуваат дека овие работници се потребни за нормално функционирање на компанијата, а од непознати причини на нив не им бил продолжен работниот ангажман од страна на Министерството за финансии.

„Ние како фирма во последниов период сме дојдени до многу ниско ниво на егзистенција како финансиски, така и со вработени, и доколку во најкраток можен рок не се преземе нешто со нашите колеги кои останаа на улица, а се потребни на фирмата, како репрезентативен синдикат ќе бидеме приморани после божиќните празници да го блокираме железничкиот транспорт во знак на солидарност со нашите колеги кои ни се неопходни за секојдневно непречено и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај“, велат од Синдикатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button