ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Државата ќе плати за Коридорот-8, но сѐ уште не се знае колку

Трошоците за изградбата на Коридорот 8 ќе ги сноси државата. Во моментов не се размислува за јавно приватно партнерство со компанија која би ја градела трасата, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Како што кажа тој, во моментов нема прецизна анализа колку би чинела неговата изградба и која би била неговата економска оправданост за државата.

„Министерството за финансии веќе работи на тоа кој модел на финансирање, каков модел на финансирање и наскоро, кога ќе имаме информација колку ќе чини целата оваа инвестиција, тогаш министерството за финансии ќе добие обврска од владата да обезбеди финансирање за изградба“, рече Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button