ЕКОНОМИЈА

Компанијата што ќе ги гради патиштата во западна Македонија нема да се бира на тендер

Заобиколувајќи го Законот за јавни набавки извршната власт директно ќе преговара со одбрана компанија за изградба на најавената патна инфраструктура во западна Македонија. На крај, договорот треба да го одобри Собранието.

Во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја брани таквата стратегија со тврдење дека на тој начин би се избегнало префрлање на вината за евентуални грешки при изведбата помеѓу изведувачот и страната што го изготвила проектот.

„Избегнуваме еден од клучните моменти…, да не ни се случуваат по почетокот на изградбата проблеми на трасата, па препукување меѓу изведувачот и проектантот, кој каде ја згрешил трасата…избегнување на долгите постапки коишто ги обременуваат инвестициите, се бараат нови анекси. Ова е начинот да избегнеме да не ни се случи повторно Кичево – Охрид“, рече Бочварски.

На забелешката од новинарот дека таквиот принцип веќе беше оспорен како недоволно транспарентен и наиде на критики од Европската унија кога требаше да биде применет во Хрватска, Бочварски уверува:

„Многу очи ќе бидат вклучени овде. Ќе се вклучат експерти, меѓународни експерти, коишто ќе гарантираат и ќе го потврдат тој договор, а кој потоа ќе биде отворен и  во јавноста и во Собранието“, рече Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button