ЕКОНОМИЈА

Компаниите соочени со недостаток на работници поради големиот број боледувања и одлуки за изолација, велат од Стопанската комора

Компаниите имаат работа, но нема кој да работи поради големиот број вработени коишто се во изолација или на боледување поради коронавирусот, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазини“ на Алсат, Антони Пешев, од Стопанската комора. Како што прецизира тој, на некои компании повеќе од 20% од вработените им се во изолација.

„Откако се надминаа проблемите околу транспортот и внесот на репро-материјалите, она што го слушнавме на последниот Управен одбор е дека најголем дел од компаниите се жалат дека не можат да го постигнат апсолутниот капацитет на работната сила заради бавното спроведување на мерките за заштита. Повторно се враќаме на тековната тема – под итно на државата ѝ е потребен процес на вакцинација“, вели Пешев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button