ВЕСТИЗДРАВСТВО

Брзата храна влијае врз интелигенцијата?!

Најмладите треба да избегнуваат брза храна, бидејќи тоа може да има негативни ефекти врз нивните интелектуални способности. Ако мали деца на возраст под три години јадат премногу чипови, колачи и пијалоци, пет години подоцна може да покажат понизок коефициент на интелигенција.

Ова го покажа истражувањето на Универзитетот во Бристол, во кое беа опфатени 14.000 млади луѓе. Истражувачите, исто така, набљудувале деца како јадат варен оброк, овошје и зеленчук. Овие малечки немале никакви проблеми, за разлика од врсниците на кои им била достапна брза храна.

„Во првите три години мозокот расте интензивно, а храната полна со маснотии и шеќер има премалку витамини и други корисни состојки. Ова го спречува мозокот да го достигне своето оптимално ниво. Интересно е што несоодветната исхрана не остава негативно влијание врз децата на возраст меѓу четири и седум години. По третата година, развојот на мозокот забавува, така што храната нема премногу влијание врз неа“ – објаснува д-р Полин Емет, член на истражувачкиот тим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button