ВЕСТИ

Бучковски: Македонија не дава дополнителна сила во преговорите со Бугарија

Професорот и поранешен премиер, Владо Бучковски, оценува дека во спорот со Бугарија македонската страна не дава доволно сила на преговорите. Како што вели тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, дипломатски напор постои во Бугарија, но биле потребни дополнителни чекори од наша страна.

„Не сме наивни, знаеме дека постои француска иницијатива. Ја потврдија и од Кабинетот на Пендаровски…има сериозен дипломатски напор. И неслучајно е темпирана посетата и на германскиот канцелар. Но, да видиме… мислам дека ние не даваме дополнителна сила на Петков и на неговата влада да дојдат до компромис“, рече Бучковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button